еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Две починати лица асоцирани со Ковид-19 минатата недела

Во периодот од 23 до 29. септември регистрирани се две починати лица асоцирани со Ковид-19, информираат од Институтот за јавно здравје.

Лицата се од Демир Хисар и Охрид, од возрасната група над 65 години.

Тие биле вакцинирани со 2 и 3 дози против Ковид-19 (поминати 3 години од последната доза на вакцина), со регистрирани коморбидитети.

Едното позитивно лице е починато во болнички, а другото во домашни услови.

Минатата недела се регистрирани 45 нови позитивни случаи, со намалување од 29,7% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=25; 55,6%), a највисока инциденца е регистрирана во Демир Хисар (13,8/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=24; 53,3%).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 68 лица.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска истекува рокот за преименување на бугарските клубови

Редакција

Град Скопје го раскина договорот со „Слобода превоз“

Редакција

Колкава е опасноста од ширење на мајмунските сипаници: Објаснува доктор Даниловски

Редакција