Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ги известува граѓаните дека денеска со почеток од 19.00 часот поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Протестниот марш ќе започне на Плоштадот „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон македонското Собрание на улицата „11 Октомври“, потоа по улицата „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“ до пред Владата на булеварот „Илинден“.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Протестот е на повик на граѓанското движење „Кој е следен?’ и започнува симболично во 18 часот и 59 минути.
Фото: Фејсбук