Денеска собир за трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, а се повредени 203 ќе има во неколку градови низ Македонија.
Во 11 часот собир ќе има во Охрид, на плоштадот во центарот на градот, во организација на младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет.
Во 15 часот, како и претходните денови, собир ќе има и во Кочани.
Во 16:30 часот собир ќе има и во Скопје во Градски парк, после споменикот на Гоце Делчев, во организација на Студентскиот пленум, каде ќе се одржи и 60-минутен молк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гитаристот на ДНК, Горан Тонев, во стабилна состојба
На 203 се искачи бројот на повредени во пожарот во Кочани
Шестмина повредени во пожарот во Кочани се во многу критична состојба
Фото: Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.