Министерството за здравство информираше дека денеска шест повредени лица од пожарот во Кочани се враќаат во Македонија од лекување во странство.
Пет од нив се лекуваа во Србија (тројца на КБЦ Ниш и двајца на ВМА Белград), а еден во Италија.
Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени, согласно повредите.
Кај останатите поврдено кои се лекуваат во странство, кај дел од нив има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.
Во здравствените установи во државава остануваат 16 повредени, кои се во добра општа состојба. По шест се во Св.Наум Охридски и ГОБ 8 Септември, а четворица во приватните болници.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.