Деновиве Министерството за внатрешни работи (МВР) врши претрес на бизнисите и имотот на Дејан Јованов – Деко, газдата на т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59, а беа повредени 203 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претрес и во домот и возилото на Дејан Јованов-Деко, газдата на дискотеката „Пулс“
Освен во т.н. дискотека, досега е направен претрес и во кафулето “Класик“ во Кочани, кое неодамно беше демолирано од страна на револтирани граѓани, неговиот дом и во неговото возило „опел инсигниа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од таму се одземени лаптопи, документација, мобилни телефони…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопругата и ќерката на газдата на дискотеката „Пулс“ на распит во полициска станица
На распит беа и неговата ќерка и сопруга.
Фокус објави дека претресеното возило било семејно, а според изјави на сограѓани на Јованов тој низ градот се возел и со “бмв 7“, со бугарски регистарски таблички, чија цена се движи од 100.000 до над 130.000 евра.
Од МВР на прашањето на Фокус за оваа возило не откриле детали, бидејќи истрагата е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зад кои други фирми стоел Дејан Јованов Деко, газдата на дискотеката во Кочани
Управителот на т.н. дискотека „Пулс“, Карадакоски бил шанкер, газда бил Јованов, открива КОД
Фото: Игор Бансколиев/Фејсбук