еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува за половина, а бензините поскапуваат за еден денар

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а бензините и Екстра-лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 80,5 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 82,5, дизелот за 78, а Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,27 отсто, кај дизелот има намалување за 0,509, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,359, а кај мазутот намалувањето е за 0,804 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,146 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 87 случаи на Ковид-19, 141 оздравени и тројца починати

Редакција

Српска „Политика“: Груевски со лажен пасош побегнал преку Албанија, со „Малев“ од Тирана летал до Будимпешта

Редакција

ДИК: До 9 часот излезноста на изборите 5,25%

Редакција