На дел од повредените во пожарот во Кочани им следи долг период на рехабилитација, некои повредите ќе ги носат со години, раскажа Благица Сабовљевиќ Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден син за Топ тема на телевизијата Телма.
„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми. Едно лечиме на друго место ни се создава жариште, велат докторите кои ги лекуваат повредените од трагедијата во Кочани, објасни Стоименова.
Во првите три недели по несреќата повредените секојдневно имале нови проблеми и имало многу непланирани операции, кажа таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На повреден во пожарот во Кочани му е извршена трансплантација на лице
На шест повредени во пожарот во Кочани им е трансплантирана кожа
Фото: ТВ Телма
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.