еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕК загрижена за независноста и владењето на правото во Македонија

Европската комисија (ЕК) во годишниот извештај за владеењето на правото во Македонија изразува загриженост за независноста и владењето на правото во земјава.

Во истиот стои дека Македонија имала неколку реформски бранови во правосудството и усвоила нова Стратегија во правосудството за да се подобри независноста, ефикасноста и професионалноста.

„Сепак, независноста на судството и институционалниот капацитет да се заштити од несоодветно влијание претставуваат сериозна загриженост. Нивото на утврдената независност на судството е многу ниско“, стои во извештајот.

Во истиот останува загриженоста за функционирањето и независноста на Судскиот совет.

„Случувањата во рамките на Судскиот совет имаат негативно влијаеше на довербата на јавноста во судството. Претседателката на Судскиот совет беше разрешена од функцијата, а подоцна беше вратена на функцијата, по одлуката на Управниот суд“, се вели во извештајот.

Како забелешка се посочени и средствата што се одделуваат за правосудниот систем, за кој се вели дека се „ограничени“ и можат да влијаат на неговата финансиска автономија, а дефицитот на човечки ресурси може да влијае на квалитетот и ефикасноста на правдата.

Во извештајот се забележува дека во Македонија постои сеопфатна стратегија за борба против корупцијата, но заостанува имплементацијата.

„Големиот ризик од корупција останува распространет во многу области. Неодамнешните измени на Кривичниот законик ја ослабеа правната рамка, негативно влијаејќи на справувањето со корупцијата, особено во случаите на корупција на високо ниво.

Ограничувањата на ресурсите и недостигот на соработка меѓу националните власти го попречуваат ефикасното справување со корупцијата и го попречуваат воспоставувањето на стабилна евиденција за случаи на корупција на високо ниво“, стои во извештајот.

Овој извештај се објавува еднаш годишно за сите држави членки на Европската Унија, а оваа година за првпат во него се опфатени и земјите кои се наоѓаат во пристапен процес.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Објавена потерницата за бегалецот Игор Спасов: Кој се друг бара МВР

Редакција

Ако САД забрани увоз на руска нафта, следат нови рекордни цени и инфлациски шок

Редакција

Татко и син од Струмичко убиени во Швајцарија

Редакција