Со реакција за ставањето на поранешниот вицепремиер за економски прашања и бизнисмен, Кочо Анѓушев на т.н. црна листа на САД, преку соопштение се јави поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Без да ја коментира одлуката на Стејт департментот, во истото тој меѓудругото вели дека стои на располагање за сите потребни одговори и разјаснувања на определени теми од интерес на САД, вклучително и основот за сомневањата кон Анѓушев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Јавно сакам да го споделам мојот став кој веќе и е познат на јавноста а тоа е дека Кочо Анѓушев и неговиот тим беа едни од најпосветените и најспособни луѓе и кабинет во Владата во периодот додека бев јас премиер. Голем дел од економските успеси на Владата беа директна заслуга на Анѓушев.
Северна Македонија ретко кога имала вака висок функционер кој е и професор но пред се и успешен деловен човек со огромно практично искуство во економската проблематика и предизвиците на државата во економијата.
Како премиер, ми беше чест што имав таков соработник кому економијата и државата му беа секогаш на прво место. Знаеше да каже и покаже дека неговите фирми и капитал вредат онолку колку што ни вреди државата и дека само со успех на државата може да имаме сите надеж дека ќе успееме во сопствените приватните деловни планови.
Сите шпекулации што ги слушам деновиве дури и од одредена јавна институција ги сметам за неосновани затоа што Владата и стручните служби своевремено им имаат обезбедено и испратено навремен, соодветен и основан одговор, стои во соопштението, во кое вели и дека исклучително го почитува Анѓушев.
-Анѓушев е мој пријател и соработник кој исклучително го почитувам. Јас го замолив мај 2017 година да прифати, да одработи одреден период за македонскиот народ и државата.
Тоа го правеше чесно , одговорно и посветено. Денеска, ја има мојата подршка во докажување на неоснованоста за сомневањата кон него изразени од нашите пријатели Соединетите Американски Држави, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев и Рашковски во образложението зошто црногорски бизнисмен е ставен на црната листа на САД
Анѓушев: Нема никаква основа за ограничувањето на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам
Зошто Македонија не побара докази против Мерко од САД, кој шест месеци е на „црната листа“
Фото: Влада