еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заканите на Мицотакис не се во духот на развивањето пријателски односи, вели Сиљановска Давкова

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова не сака да ги коментира речиси секојдневните пораки со закани за вето на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис поради Договорот од Преспа, но вели дека со закани не се развиваат пријателски односи.

-Јас не можам да го спречам во тоа. Преспанскиот договор е дел од преговарачката рамка, но не мислам дека е тоа во духот на развивањето на пријателските односи. Мислам дека и во традиционалната дипломатија можеби е добро да фрлиме поглед врз културната дипломатија каде на поинаков начин ги решаваат проблемите.

Сметам дека и ние со соседите би можеле во пријателски дух да се обидеме на поинаков начин да се однесуваме и по малку да бидеме скандинавци, рече денеска Сиљановска Давкова.

-Јас не коментирам пораки на господинот Мицотакис. Преспанскиот договор има механизми, почнувајќи од укажување, па до обраќање до Генералниот секретар на Обединетите нации.

Постои и можност за покренување постапка пред Меѓународниот суд на правдата, чија пресуда соседот Грција не ја почитуваше, вели таа.

Посочи дека Европската Унија (ЕУ) е единство на различности, а ние како мала земја заслужуваме да бидеме почитувани како и сите останати, што подразбира дека и за нас треба да важат истите критериуми за влез во ЕУ, како и за другите.

-И во договорот за Европската Унија и во Лисабонскиот договор и во Повелбата за фундаментални права јасно е посочено дека ЕУ е единство на различности и дека ги прифаќа идентитетот, интегритетот и особено културниот и националниот идентитет како нешто за што не се разговара.

Но, ние во поглед на многу прашања и во поглед на многу критериуми сме биле дискриминирани. Крајно време е да се стави крај на тоа.

Македонија е мала држава, но мислам дека заслужува да биде почитувана како сите останати, изјави Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ќе го покрене прашањето за употребата на „Северна„ на престојниот Самит на НАТО, најави Мицотакис

Новата влада да го користи самото името Северна Македонија, предупредува Мицотакис

Мицотакис најави блокада за Македонија во ЕУ ако не го почитува Договорот од Преспа

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЈП „Улици и патишта“ за набавка на горива вреден 479.000 евра

Редакција

Затворски чувар во Идризово ослободил затвореник кој подоцна извршил вооружен грабеж

Редакција

Прв дуел на Заев и Мицкоски: „Попрво соработка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ отколку уцени од ДУИ“

Редакција