За директорката на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска, кој деновиве врши надзор во државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ) по налог на Владата, е ирелевантно чии роднини работат таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во М-НАВ вработени роднини на Османи, Груби, Николовски, Незири, Аљими, Буши, објави КОД
– Кога станува збор за вработен, за нас е неважно чиј роднина е. За нас сите се вработени. Така што, доколку постои повреда на право од работен однос или незаконита постапка на вработување, во тој случај за нас важен е поимот вработен и работник. Дали е тој роднина на кој било, за нас е ирелевантно.
Значи, надзорот ќе се спроведе на начин и постапка согласно закон. Инспекторатот не врши истрага. Инспекторатот спроведува инспекциски надзор. За истрага е задолжен друг орган, рече Томовска.
Таа денеска беше прашана од новинарите дали ќе се прошири истрагата во М-НАВ, откако беше објавени дека таму се вработени роднини на актуелни и поранешни функционери.
Инспекторатот во претходните години немал извршено инспекциски надзор во М-НАВ, а за актуелниот Инспекторатот ќе се произнесе најмалку за една недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи и Бектеши вината за инцидентот во М-НАВ ја префрлиле на Синдикатот, објави КОД
Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ
Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ
Фото: М-НАВ