Тројца спортисти загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани.
Станува збор за голманот Дамјан Танески (18) од Штип, кој бранел во Мал Ајакс, фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров (25) и кошаркарот на Дино Баскет, Петар Ивановски (20).
Спортските активности неделава ќе бидат ставени на минимум.
„Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во знак на почит и солидарност, праќа информација дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски.
Исто така, одложени се пријателските натпревари на Македонија до 16 години кои требаше да се одиграат со Естонија во Скопје. Ви благодариме за вашето разбирање во овие тешки моменти“, се вели во соопштението на ФФМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца
Авалон: Ако за нешто може да се каже дека е повеќе од трагедија, ова е тоа
Бројката на загинати во пожарот во дискотеката се искачи на 59, на повредени 155
Фото: Игор Бансколиев