По 33 години згасна регионалната струмичка телевизија ВИС, која што информираше за локални и регионални случувања, пренесува Сакам да кажам.
Во Струмица порано работеа и телевизиите Интел, Телеканал А1, ТВ Струмица и Јул ТВ. Сега работат само три радија, кои не продуцираат сопствени вести.
Лани во јуни, телевизијата ВИС беше купена од струмичката фирма „Синерџи Груп Инженеринг“, а во август, од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на телевизијата ѝ беше одземена концесијата заради неплатен годишен надоместок и неисполнување на кадровскиот минимум.
Менаџментот на телевизијата ги подмири обврските кон Агенцијата и си ја врати концесијата, а телевизиски сигнал со скромна програма се емитуваше заклучно со ноември, кога вработените добиле решенија за престанок на работниот однос со три неисплатени плати, пренесува СДК.