еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Иако не е регистрирана во Македонија, партијата на Курти, „Самоопределување„ ќе биде дел од изборните листи

И партијата на косовскиот премиер Албин Курти, „Самоопределување„, која не е регистрирана во Македонија ќе биде дел од изборните листи за престојните парламентарни избори следната година.

Таа се придружува на коалицијата Европски сојуз за промени, која ја сочинуваат Беса на Биљал Касами, Алтернатива на Африм Гаши и Демократското движење на Изет Меџити.

Тие ќе имаат иста изборна програма, заеднички канцеларии и кампања.

„Од денеска Европскиот сојуз за промени се состои од четири политички партии. Тоа значи дека во овие четири е и “Самоопределување“. Тие ќе бидат дел од пратеничките листи, значи ќе има член, претставник на “Самоопределување„“, изјави вчера Меџети на отварањето на нова канцеларија на коалицијата, на кое присуствуваше и Беким Ќоку, кој е национален советник за Македонија на “Самоопределување“.

Лица од Македонија кои се симпатизери на “Самоопределување“ ќе бидат предложени од Ќоку за да се најдат на коалициската листа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mеџити, Касами и Гаши се обединуваат во опозициски блок

Фото: Фејсбук/Меџити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втор ден исчезнат скопјанецот Богољуб Митов

Редакција

Гасоводот од Грција кон Македонија ќе биде завршен во 2025

Редакција

Заев подготвен прв да земе двојазичен пасош со новото име – Република Северна Македонија

Редакција