Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување на соодветна медицинска нега за сите пациенти.
Состојбата на пациентите се следи внимателно, а понатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки.
Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа: Клинички центар – 52 пациенти, ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти, Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти, Клиника за токсикологија – 10 пациенти, Аџибадем Систина – 7 пациенти
Покрај обезбедувањето медицинска нега во земјата, дел од пациентите се транспортирани во здравствени установи во странство, благодарение на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји: Литванија – 4 пациенти, Австрија – 2 пациенти, Словенија – 2 пациенти, Република Србија – 12 пациенти, Република Бугарија – 1 пациент.
Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за понатамошен трансфер на пациенти.
Министерството за здравство информира дека сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.
Дополнително, во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија, формирани се мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои обезбедуваат психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.
За сите кои имаат потреба од психолошко советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, каде што стручни лица обезбедуваат поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хоспитализирани уште 20 лица, меѓу нив и тројца пожарникари
Тешко повредените се транспортирани до Бугарија, Турција, Грција, Србија
Повредени ќе бидат транспортирани на лекување и во Романија, Словенија, Унгарија, Австрија…
Фото: ЦУК