еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И член на ДНК осомничен за трагедијата во Кочани

Од Основното јавно обвинителство информираа дека помеѓу осомничените за трагедијата во Кочани, во која во пожар во т.н. дискотека/кабаре „Пулс’ загинаа 59, а беа повредени 197 лица, е осомничен и член на групата ДНК, која имаше концерт таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали за истрагата за трагедијата во Кочани: Опфатени се 27 физички и три правни лица

Несреќата ја преживееа само тројца членови на групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични за 34 физички и три правни лица за трагедијата во Кочани

Членот на ДНК, чие име не беше соопштено, е осомничен за внесувањето и употребата на пиротехничките средства.

-Постои сомнение дека членовите на бендот околу 02:32 часот како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената од кои веднаш се опожарил кровниот дел од објектот и пожарот се проширил по целиот објект, информираа од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко) Први снимки од почетокот на пожарот во дискотеката во Кочани, во кој загинаа најмалку 30 лица

Според Обвинителството, одговорните лица во т.н. дискотека/кабаре, кои се осомничени за пожарот и членовите на обезбедувањето, не спречиле за потребите на настапот на групата ДНК да се внесат во угостителскиот објект и да се употребат експлозивни материи – пиротехнички фонтани, иако за тоа дејствие немале задолжителна дозвола издадена од надлежни органи за да ракуваат со пиротехнички средства, ниту пак просторните услови дозволувале употреба на такви пиротехнички средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за Панчо од ДНК од „Аџибадем Систина“, каде се лекува

Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани

Не штитете некој кој треба да е зад решетки, порачува Наталија сопругата на Андреја Ѓорѓиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата се премисли за враќање на фиксното време на администрацијата, одлуката повторно на разгледување

Редакција

„Ќе се бориме против криминалот и ќе ги заплениме сите зденки со поминат рок“: Љупчо Николовски на тапет на Твитер за објавата за заплена на путер

Редакција

Сопругата и ќерката на газдата на дискотеката „Пулс“ на распит во полициска станица

Редакција