Поранешната градоначалничка на Општина Арачиново, кадар на СДСМ, Миликије Халими е разрешена од функцијата директор на државното акционерско друштво „Аеродроми“ и член на Управниот одбор (УО).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Миликије Халими не е повеќе директорка на „Аеродроми“
Нов в.д. претседател на УО на “Аеродроми“, кое ги раководи двата македонски аеродроми, е Игор Трајановски.
На оваа функција Халими дојде од Царинската управа, каде со средно медицинско образование стана инспекторка за економски криминал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кога беше именувана за директорка на Аеродроми, тогашниот премиер Димитар Ковачевски тврдеше дека завршила факултет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорката на АД „Аеродроми“ Миликије Халими завршила економски факултет?
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија кога станала градоначалничка, кој го имаме во архива.
Каков имот пријавила
Според нејзиниот анкетен лист, нема ништо на свое име.
Како заеднички имот пријавила возило Мерцедес Бенз, удели и кредит од 39,4 милиони денари, кој треба да го врати до 2033 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Миликије Халими имала универзитетската диплома, тврди Ковачевски
Фото: СДСМ