еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Васко Ковачевски, кој е осомничен во „Адитив„

Поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски е еден од осомничените во случајот на Јавното основно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, „Адитив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра

Тој моментално не е достапен за органите на прогон и нема официјална информација каде се наоѓа.

Медиуми неофицијално објавија дека е во Србија, но нема потврда за таа информација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски не се откажал од македонско државјанство, Тошковски не сака да шпекулира каде е

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал директор на ЕСМ, кој го имаме во архива.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист тогаш на свое име пријавил два стана во Битола од наследство, исто така два деловни простори во истиот град, исто од наследство, а како заеднички имот пријавил и недвижен имот во Дихово, но не не навел што е.

Вози Сеат Арона, а пријавил и три кредити, едниот требало да го врати во 2021 година, а другите два од по 200 илјади денари и 922.500 денари во 2024 и 2026 година.

Пријавил и неколку кредитни картички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ, кој е уапсен

Кој друг освен Васко Ковачевски и Васко Стефанов е осомничен за криминалот тежок 6,5 милиони евра

Приведен Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ, кој не беше во Македонија

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре задолжително зимски гуми и опрема во автомобилите

Редакција

Просечната нето-плата во август 41.097 денари

Редакција

Од македонскиот пазар се повлекува целокупниот „Киндер“ асортиман произведен во фабриката во Арлон, Белгија

Редакција