еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил градоначалникот Јакимовски, кој заработи кривична за злоупотреба на службената должност и овластување

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената должност и овластување за градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за градоначалникот Јакимовски и вработени во Општината, од таму велат дека е полтички мотивирана

Кривичната се однесува и на пет лица вработени во Општината, како и едно правно лице.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го поднел до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник.

Каков имот пријавил

Од недвижен имот на негово име има само земјиште во скопско Нерези.

На име на сопругата пак пријавил куќа и земјиште во Скопје.

На негово име нема пријавено ни возило. На име на сопругата пријавил две – БМВ и Фолксфаген и уште две на име на децата – БМВ и Јамаха.

На свое име и на име на сопругата пријавил удели, но не навел каде.

На свое име има и животно осигурување, како и побарувања по основ на заем.

На име на сопругата, на свое име и на име на децата пријавил и депозити и штедни влогови.

На име на сопругата пријавил и кредит од 920 илјади денари, земен во 2022 година, но нема податок кога треба да се врати.

Пријавил и камп приколка и накит.

Фото: Фејсбук/Јакимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

116 земји го поддржаа повикот на Австралија да се спроведе независна истрага за потеклото на Ковид-19

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од НЛБ Банка за 844.000 евра

Редакција

Mини ремонтот на Блок 2 во РЕК Битола

Редакција