еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил судијата Енвер Беџети, кој со Артан Груби е ставен на „црната листа“ на САД

Судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје, заедно со функционерот на опозициската ДУИ, Артан Груби заврши на „црната листа“ на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Артан Груби со семејството и судијата Енвер Беџети завршија на „црната листа“ на САД

Двајцата американскиот Стејт департмент ги стави на истата поради прифаќање мито за нарушување на судските процеси за поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој од порано е на истата листа.

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Беџети, кој го доставил до Антикорупциската комисија, кога станал судија во Апелација, кој го имаме во архива.

Каков имот пријавил

Според тогашниот негов анкетен лист на свое име пријавил стан во Тетово од 87 метри квадратни, деловен простор, исто во Тетово, како и куќа во Пирок, подарок, и земјоделско земјиште во истото село.

Земјоделско земјиште во Пирок од наследство пријавил и на име на родителите.

На име на децата и на родителите пријавил две возила.

Има приходи и од кирија, а тогаш пријавил и два кредити, кои досега треба да се исплатени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Артан Груби, кој е ставен на „црната листа„ на САД

„Кај нас за Артан Груби нема судски процес за корупција„: Одлуката на САД да го стави функционерот на ДУИ на „црната листа„ хит на Х

(Видео) Реакцијата на Османи и Адеми кога дознаа дека Груби е ставен на „црната листа“ – хит на социјалните мрежи

Фото: Апелациски суд Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 13 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 1.723

Редакција

Не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби при спроводот на Мијалков, велат од Управа за извршување на санкции

Редакција

Во градинките досега 33 деца и 109 вработени позитивни на Ковид-19

Редакција