еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија

Тимчо Муцунски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и сега веќе поранешен градоначалник на скопски Аеродром е новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија.

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Муцунски кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник. Сега ќе треба да достави нов.

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле новите членови на Владата, за кои се достапни податоци, односно и досега извршувале некаква државна функција, па имале законска обврска да го пријават истиот.

Тие што не извршувале досега функција, податоци за имотот до Антикорупциската комисија ќе треба да достават во рок од 30 дена.

Каков имот пријавил Муцунски

На свое име нема ништо.

Како заеднички имот пријавил Ауди, девизен депозит и кредит од 6,9 милиони денари кој треба да биде вратен до 2051 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Златко Перински, новиот министер за локална самоуправа

Каков имот пријавил Владо Мисајловски, новиот министер за одбрана

Каков имот пријавил Арбен Таравари, новиот министер за здравство

Фото: Фејсбук/Муцунски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе прави ли Шилегов ново партиско дувло од новата фирма за парно греење?

Редакција

Дали со новите цени на горивата, буџетот се полни на сметка на граѓаните и компаниите

Редакција

(Галерија) Ковачевски, Петровска, Маричиќ, францускиот предлог… дел од маските на Вевчанскиот карневал

Редакција