Обвинителот Фатон Азизи, заедно со обвинителката Искра Хаџи Василева од Основното јавно обвинителство е прераспределен во Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал обвинител во Јавното обвинителство.
Каков имот пријавил
На свое име нема недвижен имот.
Вози Мерцедес Ц.
На име на родителите пријавил куќа и земјиште од наследство во Куманово, како и автомобил Ауди.
На свое име има и штеден влог, како и кредит, кој според податоците кои ги дал требало да го врати во 2022 година.
Два кредити пријавил и на име на родителите, едниот требало да биде вратен во 2021 година, а другиот од 307,5 илјади денари следната година.
Штедни влогови и депозит пријавил и на име на децата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ