еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Љупчо Коцевски, единствениот кандидат за наследник на Јовески

Само јавниот обвинител Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство го помина филтерот на Советот на јавни обвинители за избор на нов републички јавен обвинител.

Конкуренција му беа Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје и Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фетаи и Раичевиќ отпаднаа, Коцевски остана во игра да биде нов државен јавен обвинител

Пред неколку дена му заврши мандатот на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, а за в.д. јавен обвинител беше избрана обвинителката Соња Симовска.

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Коцевски, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал обвинител во Јавното обвинителство.

Каков имот пријавил

Од наследство има куќа во Тетово.

Вози Мазда, а на свое име пријавил и кредит од 10 илјади евра, кој требало да го врати годинава.

На име на децата пријавил стан во Скопје, а како заеднички имот уште една куќа и земјоделско земјиште од наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Јовески, на кој му заврши мандатот како јавен обвинител

Каков имот пријавила Соња Симовска, која е избрана за в.д. јавен обвинител на Јавното обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Колку голем беше протестот во Белград

Редакција

(Видео) Вардар се излеа во неколку населени места во Општина Јегуновце, поплавени куќи и ниви

Редакција

ЈКП Комуналец – Прилеп склучи договор со Црна река петрол вреден 383,7 илјади евра

Редакција