еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Камион усмрти велосипедист на патот Осломеј-Кичево

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, кај место викано „Ѓубриштето“, камион „мерцедес“ управуван од К.К. (26) од кичевското село Гарани, удрил во велосипед управуван од Ј.С. (63) од Кичево.

„Од здобиените повреди на местото починал велосипедистот, а смрт констатирал лекар од Медицинскиoт центар во Кичево.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, информираа вчера од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Марјан Ристески, новиот заменик министер за економија и труд

Редакција

Современ дом со намалена добивка и приходи во првиот квартал

Редакција

Рашковски под истрага за тендерот за набавка на радарски систем

Редакција