еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осум нови пратеници во Собранието на местото на Мицкоски и министрите

Македонското Собрание доби осум нови пратеници, кои доаѓаат на местото на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој стана премиер и на местото на седум пратеници кои станаа министри.

Станува збор за Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева и Дијана Илиевска од коалицијата “Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Фериде Хаџиу и Каљтрина Беќири од коалицијата „Вреди“, во која се Алтернатива, Беса, Демократско движење и крилото на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.

Новите пратеници доаѓаат на местата на министрите Гордана Димитриеска Кочоска, која стана министер за финансии, Љупчо Димоски, кој стана вицепремиер за политички систем, Изет Меџити, кој стана вицепремиер и министер за екологија, Владо Мисајловски, кој стана министер за одбрана, Иван Стоиљковиќ, кој стана вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Александар Николоски, кој стана министер за транспорт и на Фатмир Лимани, кој стана министер за социјална политика, демографија и млади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за министер за финансии

Кој е Фатмир Лимани, кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади

Кој е Александар Николоски, кандидат за министер за транспорт и вицепремиер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Махери“ за извоз: Производите на „Алкалоид“ во САД, Русија, Британија, Германија…

Редакција

Министерот Лога со писмо ја информира меѓународната заедница за неспроведувањето на пресудите на ЕСЧП од страна на Бугарија

Редакција

„Малиќи Груп“ станува холдинг со десет компании

Редакција