еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкава плата лани имале директорите на Тетекс

На неизвршните членови на Одборот на директори на Тетекс АД Тетово за 2024 година им е исплатен месечен паушал од 20.000 денари нето за десет месеци и месечен паушал од 30.000 денари нето за два месеци, стои во годишниот извештај за работењето лани на Друштвото, објавен преку Македонската берза.

На претседателот на Одборот на директори му биле исплатени 30.000 денари нето за десет месеци и месечен паушал од 45.000 денари нето за два месеци.

-На извршните директори за 2024 година месечните плати им се исплатени согласно нивните менаџерски договори, а на главниот извршен директор Бобан Гоговски му е исплатена награда во бруто износ од 5% од остварена добивка во 2023 година, по основ на менаџерскиот договор и донесена одлука на Собрание на акционери, стои во извештајот.

Гоговски е претседател и на Надзорниот одбор (НО) на ТТК Банка АД Скопје и член на Одбор на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност, Стеван Томоски (неизвршен член во Тетекс) е член на Одборпт на директори на акционерското друштво Осигурителна полиса, а Евгенија Трпкоска (неизвршен член во Тетекс) е член на НО на ТТК Банка.

Освен нив во Одборот на директори се и Борислав Трповски, Павлинка Трповска, која е извршен директор, Звонимир Ристоски, кој е неизвршен независен член и Душко Мишески, кој е неизвршен независен член.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетекс ќе дели дивиденда од 55,56 денари бруто по акција

Тетекс лани со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Важно ако одите или пристигате: Кои држави спаѓаат во високоризични и средноризични за корона вирусот

Редакција

Владата на Зоран Заев преживеа

Редакција

Кои ќе бидат новите цени за вадење пасош, лична карта и возачка дозвола

Редакција