Заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, кадар на поделената Алијанса за Албанците ќе биде министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство до изборот на нова влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сега веќе поранешниот министер Љупчо Николовски, кадар на СДСМ, стана пратеник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Вјолца Бериша, која ќе биде министерка за земјоделие до изборот на нова влада
Која е Бериша
Има завршено додипломски студии по книжевност на Универзитетот во Тетово (2006 година), магистерски студии по книжевност исто така на Универзитетот во Тетово (2010 година) и е докторат по книжевност на Универзитетот во Тирана, 2021 година.
Работно искуство и политичка кариера
Вјолца Бериша е професорка на Филозофскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, со 18 години искуство во академскиот свет и 15 години активен ангажман во политиката.
Од 2006 година е професорка на Државниот универзитет во Тетово, на Катедрата за албански јазик и книжевност.
Претходно била раководител и главен уредник во издавачката куќа “SYTH„ (2017 година) и уредник во издавачката куќа „Албас“ во Тетово (2002-2007 година).
Таа била генерален секретар на Алијанса за Албанците и претседателка на Женското собрание во Алијансата за Албанците (од 2021 година).
Била и општински советник во Општина Тетово (2009-2017 година).
Во моментов е член на раководството на Алијансата за Албанците.
Заменик министерка за земјоделство, водостопанство и шумарство стана лани во февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Беким Реџепи, кој ќе биде министер за транспорт и врски до изборот на нов
Каков имот пријавил Назим Буши, кој ќе раководи со МВР до избор на новата влада
Фото: Бериша/Фејсбук/Влада