еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Антонио Милошоски, кој е избран за потпретседател на Собранието

Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ стана потпретседател на македонското Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски, Митрески и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието

Тој се уште нема положено заклетва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бендевска се заколна во “РС Македонија“, Милошоски не, бил болен

Собранието пред неколку дена доби тројца нови потпретседатели, а другите двајца се Весна Бендевска од ЗНАМ и Јован Митрески од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Весна Бендевска, која е избрана за потпретседател на Собранието

Кој е Јован Митрески, кој е избран за потпретседател на Собранието

Кој е Милошоски 

Роден е на 29. јануари 1976 година во Тетово.

Татко е на пет деца.

Образование

Во 1994 година матурирал во гимназијата „Мирко Милевски” во Кичево, а во 1999 дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во периодот од 2001 до 2002 година завршил магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Фридрих Вилхелм” во Бон, Германија.

Од 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Герхард Меркатор” во Дујсбург, Германија, каде работел како научен соработник до 2006 година.

Зборува англиски, германски, хрватски, српски и бугарски јазик.

Политичка кариера 

Во периодот од 1999до 2000 година бил шеф на кабинетот на потпретседателот на Владата на Република Македонија, Доста Димовска.

Во периодот од мај 2000 до септември 2001 година бил портпарол на Владата на Република Македонија.

Од 2004 до 2006 година бил редовен колумнист во дневниот весник „Утрински весник”, а претходно, во периодот јануари – мај 2000 година, пишувал колумни и во весникот „Дневник”.

Бил потпретседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од 1997 до 1998 година.

Од 2005 година е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој е еден од основачите на „Младинскиот евроатлантски форум” – МЕАФ.

Член е на Друштвото на Југоисточна Европа (Sudosteuropa Geselshaft), германско академско здружение, кое се занимава политичко-економските случувања во југоисточна Европа.

Во 2006 г.одина стана министер за надворешни работи на Република Македонија. По Парламентарните избори во 2011 година, Милошоски се повлече од оваа функција.

Во периодот од 2008 до 2011 година беше застапник во случајот Македонија – Грција пред Меѓународниот суд на правдата.

Потпретседател на македонското Собрание бил и во периодот од 2014 до 2016 година.

Во периодот од 2011 до 2024 година во неколку мандати е пратеник.

Во 2010 година неколку месеци бил и претседател на Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Антонио Милошоски, кој е избран за потпретседател на Собранието

Каков имот пријавила Весна Бендевска, која е избрана на потпретседател на Собранието

Каков имот пријавил Јован Митрески, кој е избран за потпретседател на Собранието

Фото: Милошски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две момчиња од Кочани и Виница загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Редакција

(Фото) Леонардо ди Каприо сподели фотографија од македонскиот фоторепортер Роберт Атанасовски направена во Скопје

Редакција

Викендов пообилни и поројни врнежи, засилен ветер, од понеделник заладување и снег

Редакција