еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Зоран Љутков, кандидат за министер за култура и туризам

Актерот Зоран Љутков е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за нов министер за култура и туризам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада

Кој е Љутков

Роден е на 1. октомври 1977 година во Велес.

Тој е дипломиран драмски актер. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Зборува англиски јазик.

Работно искуство

Од 2006 до 2024 работи во Драмскиот театар во Скопје, како актер од прва категорија.

Во истиот период освен бројни театарски улоги, е дел и од повеќе познати македонски филмови и серии, како „Прашина“, „Коски“, “Бистра вода„…

Од 2009 до 2018 година е претседател на организацискиот Одбор на Интернационалниот фестивал на античка драма, кој се одржува во Стоби.

Од 2014 до 2018 година е извршен продуцент на “Рацинови средби“, кои се одржуваат во Велес.

Од 2017 до 2018 година е селектор на драмската програма на „Охридско лето„.

Од 2010 до 2013 година е уметнички раководител на Драмскиот театар во Скопје.

Добитник е на неколку награди и признанија, меѓу кои и наградата за најдобар млад актер, на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој се одржува во Прилеп, награда за најдобра машка улога на интернационалниот фестивал „Гола месечина“, кој се одржува во Скопје…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за министер за финансии

Кој е Игор Филков, кандидат за министер за правда

Кој е Бесар Дурмиши, кандидат за министер за економија и труд

Фото: Љутков/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои вакцини во Македонија најмногу спречија смртен исход од Ковид-19

Редакција

Владата склучи договор со „Бапал Благој“ вреден 3,3 милиони евра

Редакција

Во нацрт-заклучоците на Европскиот совет, засега нема ништо за разговорите Скопје-Софија

Редакција