еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е судијата Наќе Георгиев, кој призна дека земал мито и се спогоди со Обвинителството

Сега веќе поранешниот врховен судија, Наќе Георгиев е во фокусот на јавноста откако призна дека примил мито и се спогоди со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да одлежи три години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет го разреши судијата Наќе Георгиев, кој ќе лежи три години затвор за поткуп

Тој беше фатен на дело со поткуп од 10 илјади евра.

За истиот случај со Обвинителството се спогоди и поранешниот народен правобранител Иџет Мемети.

Тие беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на поранешниот градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.

Кој е Наќе Георгиев

Роден е во јуни 1963 година во Струмица, стои во неговата официјална биографија.

Дипломирал на Правниот факултет во Битола во 1987 година.

Правосуден испит положил во 1990 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил судијата Наќе Георгиев, кој призна дека земал поткуп и се спогоди со Обвинителството

Работно искуство

Во 1987 година работел во ЈЗО Природно лекувалиште и медицинска рехабилитација Бања Банско – Банско.

За судија во Основен суд Струмица е избран на во 1997 година, а во 2004 година е избран за судија на Апелациониот суд во Штип.

Работел во граѓанска област.

Во 2017 година е избран за претседател на Апелациониот суд Штип.

Со одлука на Судскиот совет од февруари 2020 година е избран за судија во Врховниот суд.

Работел во Одделот за граѓански дела, Одделот за судење во разумен рок и Специјализиран совет.

Излезе од Судскиот совет за да син му стане судија

Судијата Георгиев пред неколку месеци беше избран за член на Судскиот совет, но наместо да положи заклетва, поднесе оставка за да неговиот син Кирил Георгиев стане судија во Основниот суд Скопје.

Кога беше избран за член на Судскиот совет доби само шест гласа (вклучувајќи го и неговиот) како единствен кандидат од општата листа на кандидати од Врховниот суд. Гласаа 13 од 16 запишани избирачи, седум ливчиња биле неважечки и три неупотребени.

Постапка за одговорност додека беше претседател на Апелацискиот суд во Штип

Георгиев, пред извесно време беше во фокусот на јавноста и поради тоа што против него се водеше постапка за утврдување одговорност во периодот додека бил претседател на Апелацискиот суд во Штип.

Откако беше соопштено дека е кандидат за член на Судскиот совет, на затворен дел од седница на Советот беше одлучено да се запре постапката против него, откако неговиот предметот беше држен во фиока неколку месеци.

За истиот случај претходно беа разрешени тројца судии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Врховниот судија Наќе Георгиев се спогоди за три години затвор за земање поткуп од 10.000 евра

Каков имот пријавил Иџет Мемети, кој призна дека земал мито и се спогоди со Обвинителството

Фото: Врховен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дека“ е Мира Дизел?

Редакција

Кој боја на смартфон преферирате? Најновото истражување на Motorola открива неочекуван тренд!

Редакција

(Фото) Метаморфоза-изложба на Бојан Ковски: Поттик за посетителите да се запрашаат како се менуваат, што ги поттикнува и што сакаат да постанат

Редакција