За заменик министер за финансии, кандидат е Николче Јанкуловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Сите нови заменици министри
еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на сите кандидати за заменици министри.
Кој е Јанкуловски
Роден е на 1. ноември 1983 година во Битола.
Тој е дипломиран економист и Доктор на економски науки. Дипломирал на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола, а Доктор станал на Економскиот институт при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, каде станал и Магистер на економски науки.
Работно искуство
Во моментот е редовен професор на Катедрата за агроекономија на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола.
Од 2006 до 2009 година бил помлад асистент на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола, од 2009 до 2012 година, асистент, од 2012 до 2017 година, доцент, а на истиот Универзитет бил и коридинатор за Еразмус програмата, од 2015 до 2019 година.
Од 2015 до 2019 година бил продекан за меѓународна соработка на “Св. Климент Охридски“ на Катедрата за агроекономија, а на истата Катедра од 2017 до 2022 година бил вонреден професор.
Тој е и претседател на Унверзитетскиот Сенат.
Има издадено повеќе домашни и меѓународни публикации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Елфет Исмаили, кандидат за заменик министер за одбрана
Кој е Ален Деребан, кандидат за заменик министер за правда
Кој е Астрит Исеини, професор по физичка култура, кој ќе биде заменик министер во МВР
Фото: Јанкуловски/Фејсбук