еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Огнен Костовски, новиот директор на Клиниката за дигестивна хирургија

Проф. д-р Огнен Костовски е нов директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите директори на клиниките

Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје.

Во 2010 година го положил специјалистички испит по општа хирургија, а во 2021 година и супспецијалистичкиот испит по дигестивна хирургија.

Од 2008 година е вработен во Универзитетска Клиника за дигестивна хирургија, Клинички центар Мајка Тереза – Скопје.

Во 2023 година се стекнал со звањето вонреден професор на Катедрата по општа хирургија.

Костовски има 15 годишно работно искуство и е дел од рецензентски комисии за избор на лица во наставно-научно звање.

Има објавено 36 научни трудови од областа хирургија, од кои 24 научни трудови во научнo списаниe со импакт-фактор (фактор на влијание), 12 трудови во научни списанија со меѓународен уредувачки одбор и 10 трудови во зборници од научни собири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Никола Ѓорѓиевски, новиот директор на Нефрологија

Која е Славица Арсова, новата директорка на Психијатрија

Фото: Фејсбук/Костовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како работеле лани Макпетрол и подружниците Телма, Петролмак…

Редакција

Нема да има недостиг на масло за јадење, има доволно залиха и производство, велат од „Витаминка“

Редакција

Засега само 8 пациенти со цистична фиброза ќе го добијат лекот „трикафта“

Редакција