еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е петтиот приведен за упадот во М-НАВ

Од Јавното обвинителство вчера информираа дека е приведено уште едно осомничено лице за упадот во државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ).

Се работи за едно од четирите лица кои не беа достапни за органите на прогон.

Обвинителството побара притвор и за него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен еден од избеганите за упадот во М-НАВ

Телевизијата Телма објави дека станува збор за Лабинот Ќерими, поранешен вработен во М-НАВ.

Тој бил приведен на граничниот премин Блаце кон Косово.

Според телевизијата додека тој работел во М-НАВ, истовремено неколку месеци работел и во странство, па кога го „фатиле“ сам си дал отказ во државното друштво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беким Незири и уште тројца добија куќен притвор за упадот во М-НАВ: Кривичен делумно ги прифати жалбите

Сите осум лица се осомничени за нарушување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а четворица веќе добија куќен притвор и мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И поранешен фудбалер кој е во бегство меѓу напаѓачите во М-НАВ

(Фото) “Инцидент на аеородромот во Скопје, реагирал и НАТО“: Регионалните медиуми за упадот во М-НАВ

Каков имот пријавил Хасим Деари, секторскиот директор во М-НАВ, кој не е разрешен

Фото: М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За сместување во ученичките домови нема да се аплицира електронски

Редакција

Од 31. октомври до 2. ноември “Виноскоп“ во Скопје, ќе се престават над 30 винарии

Редакција

За неколку дена ќе има предлог за амбасадор на Македонија во Бугарија, најави Османи

Редакција