еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Љупчо Димовски, кандидат за вицепремиер за политички систем

Љупчо Димовски, лидерот на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), која е дел од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е кандидат за министер без ресор и вицепремиер за политички систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада

Кој е Димовски

Роден е на 9.април 1959 година.

Дипломирал на Факултетот за економски науки при Универзитетот „Кирил и Методиј„, насока меѓународни финансии, банкарско и финансиско сметководствено работење.

Зборува шпански, англиски и српски јазик.

Политичка кариера и работно искуство

На последните парламентарни избори беше избран за пратеник. На таа функција беше и од 2020 до 2024 година, од 2016 до 2020 година и од 2014 до 2016 година.

Во периодот од 2009 до 2014 беше министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од 2008 до 2009 година беше заменик министер за транспорт и врски.

Од 2005 до 2008 година бил генерален директор на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје.

Од 2004 до 2005 година бил стручен советник за организационо-програмски активности во СПМ, а во истиот период работел и во “Ball Packagin Europe„ во Белград, Србија.

Од 1998 до 2004 година работел како генерален директор во „Електронска индустрија“ ДОО Скопје.

Од 1993 до 1998 година работел како помошник директор во Технометал Вардар АД Скопје.

Од 1989 до 1993 година работел како надворешен соработник во Compania Maritima од Аргентина, Banco Interamericano de Desalorio од Уругавај и Mercado Comuun del Sur од Аргентина.

Од 1987 до 1989 година бил комерцијален референт во Технометал Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Зоран Љутков, кандидат за министер за култура и туризам

Која е Весна Јаневска, кандидат за министер за образование

Кој е Орхан Муртезани, кандидат за министер за европски прашања

Фото: Димовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мнозинство за уставни измени нема, Ковачевски повика на единство за членство на Македонија во ЕУ

Редакција

Царинската управа склучи договор со “Бато енд дивајн графикс центар“ вреден 1,4 милион евра

Редакција

Убиен скопјанецот Камер Идризи, а негов роднина се бори за живот на Клиника по синоќешното пукање во Бутел

Редакција