На 30. јуни СДСМ ќе бира нов претседател, откако Димитар Ковачевски по неуспехот на парламентарните избори се повлече од функцијата.
Неколку функционери на партијата веќе најавија свои кандидатури, а некои почнаа да поставуваат и услови.
Станува збор за Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Славјанка Петровска, пратеничка и министерка за одбрана во заминување.
Деспотовски предложи кандидатите да потпишат изјава дека ако не бидат избрани, да не можат да имаат друга партиска функција, а тој предлог го прифати и Петровска.
Како можен кандидат се споменува и пратеникот и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, како и Стефан Богоев, директор на Царинската Управа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јован Деспотовски по вторпат ќе се кандидира за претседател на СДСМ
Славјанка Петровска најави кандидатура за претседател на СДСМ
Ковачевски се повлече од лидерското место во СДСМ, го повика целото раководство да го направи истото