Новинарот на ПорталХ, Фуркан Салиу, каде е уредник и основач, заработи кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) за инцидентот на фудбалскиот натпревар во Средно Коњаре, по што беше приведен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој го предизвика инцидентот на фудбалскиот натпревар на кој беше приведен новинарот Фуркан Салиу
Пријавата е за кривичното дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, а кривична заработи и уште едно лице.
-На 11.04.2024 година од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје против лицата Н.Ј. и Ф.С. поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од Кривичниот законик, информираа од МВР.
За истата на Фејсбук се огласи и Салиу.
-Само што не информираа дека МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице по член 382.
Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште.
Делото не верувам дека можат да го докажат, меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозможена одреден период.
Ги повикуваме сите релевантни институции, меѓународните организации добро да пазат како ќе се одвива целата ситуација, напиша Салиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новинарот Салиу го носел пиштолот бидејќи секој ден одел на стрелиште, вели тој
(Видео) Фуркан Салиу објави нови снимки од неговото приведување
(Видео) Вербална расправија на министерот Тошковски и новинарот Салиу на прес-конференција
Фото: Фејсбук/Салиу