еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ладна ве носи во Дизниленд, Париз: Започнува јубилејниот 10. детски ликовен конкурс

Децата сакаат да цртаат бидејќи тоа е нивна можност да создадат сопствен свет, кој тие го замислиле и тие ќе го обојат баш онака како што сакаат. Секоја година, Ладна ги наградува креативните и талентирани детски уметнички глави, а тоа ќе биде случај и оваа година, затоа што започнува јубилејниот 10ти ликовен конкурс за деца.

Оваа година, Ладна реши да не ги ограничува малите уметници и затоа темата е слободна. Може да нацртаат се’ што ќе посакаат.

Како и изминатите години, конкурсот ќе биде поделен во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години; и 2) деца на возраст од 7 до 10 години. Испратените цртежи можат да бидат во било која форма, техника и големина – бидејќи Ладна не постави никакви органичувања. Одбрано стручно жири ќе ги одбере најдобрите дела во секоја од двете категории, а малите автори на победничките дела ќе бидат наградени.

Награди:

Прво Место – двајца добитници на патување во Дизниленд, Париз со родители/старатели

Второ Место – двајца добитници на годишен курс за цртање

Трето Место – двајца добитници на таблет за цртање.

Цртежите заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број на родителот/старателот) треба да се закачат на веб-страницата www.ladna.com.mk или да се испратат електронски на e-mail адресата [email protected] со наслов „За ликовен конкурс на Ладна“ или по пошта на адреса ул. Столтенбергова бр.2 Скопје, со назнака „За ликовен конкурс на Ладна“, најдоцна до 08.05.2024. Задолжително чувајте ги оригиналните цртежи испратени по електронски пат.

Целта на детскиот ликовен конкурс на Ладна е да ја разбуди креативноста кај децата и преку цртањето да ја претстават нивната визија на лист хартија. Затоа боичките во рака и цртајте слободно.

Испраќајте цртежи и следете ја Ладна на ladna.com.mk, Facebook/Ladna.mk и Instagram/Ladna.mk.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Понуда од Тиго Фајнанс за промена на договорните услови за кредитни производи

Редакција

Документарецот „Медена земја“ награден на фестивали во Полска, Шпанија, Грузија, Њујорк и Израел

Редакција

Емотивна и интимна изложба на фотографии на Влатко Деков во НЛБ Галерија

Редакција