еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лани помалку умрени во Македонија, повеќето кои починале се мажи

Бројот на умрените во Македонија во 2023 година изнесува 20.187 и е намален за 10.1 % во однос на претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Поголем број умрени се од машки пол, и тоа 10.640 или 52.7 % од вкупно умрените лица.

Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество во вкупниот број умрени изнесува 0.1 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец јануари (1.976).

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.1 години, односно 76.5 години кај лицата од женски пол или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, и тоа 43.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 7. 2 %, болестите на респираторниот систем се застапени со 4.7 % и следат останатите, но со помала застапеност.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автомобилскиот бренд „Гили“ отвора прв изложбен салон во Џевахир Мол Скопје

Редакција

(Видео) Балканот како ризница за музичкиот жанр „World music“

Редакција

Македонија треба да врати 2,2 милиони евра на ЕК злоупотребени преку програмата Еразмус+

Редакција