еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лидл планира два маркети во Штип

Како и што пишуваше еМагазин пред извесно време, германскиот бренд Лидл планира да отвори два маркети во Штип.

Информацијата ја потврди и штипскиот градоначалник Иван Јорданов, кој вчера информираше дека Лидл е заинтересирана за две локации.

Едната е спроти поранешното Нервното одделение, а другата е кај Автобуската станица во Штип.

Тој изјави и дека дека Автобуската станица делумно ќе остане каде што е и нема да се дислоцира. Според него на еден дел од оваа површина најверојатно ќе се постави соодветен објект, каде што ќе биде вториот маркет на Лидл.

Лидл како што веќе објави еМагазин засега планира или веќе гради маркети во Скопје, Битола, Кавадарци, Струмица, Кичево и Тетово, а во Куманово го гради логистичкиот-дистрибутивен центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маркетот на Лидл во Кичево треба да биде завршен кон крајот на март следната година

Лидл планира маркет и во Струмица

ЕКСКЛУЗИВНО: Лидл сака да отвори уште еден маркет во Битола

Фото: Лидл

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавена агендата на Конференцијата за е-трговија

Редакција

Хотели-Метропол во загуба во првото полугодие

Редакција

Наместо со девет, Уставен суд остана со пет судии: Заврши мандатот на судијата Јован Јосифовски

Редакција