Усаин Рашидов, мажот од Кочани кој лани во септември со 40 убоди од нож ја уби 48-годишната Танкица Маладеновска од Кочани доби доживотен затвор.
Тој признал вина за делото – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, по што Основниот суд во Кочани ја донесе пресудата.
Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше и за кривичното дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судската постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жената од Кочани имала убодни рани во градите, стомакот, вратот и рацете, убиецот заврши во притвор
Убиената жена од Кочани, подолг период била уценувана со компромитирачки фотографии и видеа
Маж во Кочани со 40 убоди убил жена на која претходно ѝ изнудувал пари и бил пријавуван
Фото: Унсплеш