еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Маж од Демир Капија ќе одговара за потикнување омраза кон ЛГБТИ заедницата

Од Јавното обвинителство информираа дека маж од Демир Капија преку интернет ширел коментари полни со омраза, кои би можеле да ја загрозат безбедноста кон припадниците на ЛГБТИ заедницата.

Поради тоа, бил пријавен, а од Основното јавно обвинителство Кавадарци реагирале по пријавата.

„По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Обвинетиот, преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација.

Делото било пријавено од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Пановски: За секое прекршено право, пациентите да пријават во Комисијата на Град Скопје

Редакција

Илјадници луѓе би можеле да умрат, болниците во Газа остануваат без гориво, предупредува ОН

Редакција

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во април

Редакција