Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 11.25 часот во с.Крушопек, скопско, униформирани полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х. (60) од с.Крушопек, поради тоа што го запалил стрништето од својата нива и предизвикал пожар, кој опфатил поголема површина.
Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.