еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија во Брисел ќе понуди „француски предлог плус“

Македонија на средбите на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во Брисел, денеска и утре, ќе бара одложено дејство на уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

Според македонските власти овој предлог кој веќе доби и име „француски предлог плус“, не е формален во форма на документ, со што практично нема да има и промена на постоечкиот т.н. француски предлог.

За истиот веќе се разговара со преставници на Европската Унија (ЕУ), а дали ќе се согласат со истиот, а посебно Бугарија, која има техничка влада, ќе биде познато наскоро.

Веќе за следниот месец е најавено дека Албанија и официјално ќе ги стартува преговорите со ЕУ, а за Македонија еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји неодамна го употреби зборот „можеби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ги стартува преговорите со ЕУ во октомври, а можеби и Македонија, вели Вархеји

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да му помогнеме на Петар кој како последица од ретка болест, има сколиоза која треба да се оперира во Турција

Редакција

Од Владата ниту потврдуваат, ниту демантираат дека телевизиска презентерка е назначена за конзул во Њујорк

Редакција

Ивана Гиновска нов директор на Државниот инспекторат за животна средина

Редакција