еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија годинава со најмал економски раст на Западен Балкан

Македонија според извештајот на Светска банка (СБ) годинава ќе биде со најмал економски раст од земјите на Западен Балкан.

Според СБ, Македонија ќе ја заврши годинава со раст од само 1,8 наместо проектираните 2,5% напролет.

Според прогнозите на СБ, инфлацијата во периодот кој следи ќе се намалува и во 2026 година ќе биде 2%.

Светска банка предвидува дека заедничкиот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија во 2025 година ќе достигне 3,7%, што е за 0,2 процентни поени повеќе од предвидувањата дадени во пролетното издание на извештајот.

Растот во 2024 година се очекува да достигне 3,3%, што претставува зголемување за 0,1 процентен поен од претходните проекции.

Со најголем економски раст ќе бидат Србија и Косово, по што следи Црна Гора, Албанија, па Босна и Херцеговина.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Го следеле тајни служби со жолто југо. Ајде мајката!„: Твитер за следењето на Пендаровски од тајна разузнавачка служба

Редакција

Осум лица се тестираат на корона вирусот, околу 200 се во домашна изолација

Редакција

„Евро консалтинг“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за надзор на рехабилитацијата на патот Крива Паланка-Деве Баир вреден 457.000 евра

Редакција