еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонци на возраст од 53 и 65 години загинаа во сообраќајка во Италија

Двајца Македонци вчера загинаа во сообраќајка во Италија, јавија италијанските медиуми.

И двајцата починале на лице место.

Се работи за 53-годишниот Бајрам Бајрамоски од селото Жировница, Општина Маврово и Ростуше и 65-годишниот Фуат Етемовски од дебарското село Џепиште.

И двајцата со нивните семејства долги години работеле таму.

Несреќата се случила во близина на Боскалто ди Лореџија кога тие се враќале од работа, а нивното камионче се судрило со камион.

Со нив било и третото лице, босански државјанин, кој бил тешко повреден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска умерено oблачно и ветровито време

Редакција

Согласно препораките од ЕУ: Грција останува затворена за македонските граѓани

Редакција

Голем раст на случаеви на повторно заразување со Ковид-19

Редакција