еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР потврди дека се нападнати тројца вработени во М-НАВ, ги нападнале вработен таму и непознати лица

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија инцидентот во Македонска навигација (М-НАВ), за кој информираше претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање, Александар Тасевски.

Инцидентот се случи по денешната прес-конференција, на која Тасевски најави оставки на контролори за летање, но и можен штрајк на целото Друштво во државна сопственост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападнати вработени во објектот на Контрола на летање

Од таму велат дека лице вработено во М-НАВ, заедно со уште неколку непознати лица физички нападнале тројца вработени во Друштвото.

– Денеска околу 15.15 часот во ПО Петровец лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата).

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По техничари и контролори на летови во М-НАВ ќе поднесат оставки, најави Тасевски, кој беше повикан во полиција поради поплаки од директорите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од ноќеска на полноќ не смее да се објавуваат анкети за изборите

Редакција

120 пратеници поднесоа барање за разрешување на претседателот на бугарското Собрание

Редакција

Далип Јахја ќе ја води Клиниката за ортопедија откако Виктор Камнар поднесе оставка

Редакција