Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираа дека за синоќешните инциденти за прославата на денот на албанското знаме во Скопје, кои ја згрозија јавноста, се уапсени осум лица.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на прес-конференција, информираше дека четири лица биле уапсени поради учество во тепачка, а останатите за предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Уништено македонското знаме на прослава на албанското знаме во Скопје
Меѓу нив е и лицето кое се гледа на снимките објавени на социјалните мрежи, како го кине македонското знаме.
Тие се во полициска станица и по насока на јавен обвинител по итна постапка ќе бидат изведени пред суд.
Уапсените се на возраст од 18 до 21 година, а еден од нив е малолетен.
Тошковски најави дека денеска и во наредните денови уште многу лица ќе бидат повикани на разговори за инцидентите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За пукањето, министерот рече дека против секој за кој ќе се обезбедат соодветни докази ќе се поднесе кривична пријава.
Прашан дали откако биле сослушани уапсените лица имаат информации дека можеби се инструирани за ова да го направат, Тошковски, рече дека во овој дел не би сакал да навлегува со повеќе детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За реакцијата на ДУИ дека полицијата предизвикала непотребни тензии, Тошковски рече дека тоа можеби било нивно посакувано сценарио, но полицијата одговорила максимално професионално.
Упати апел до сите граѓани што имаат информации да ги достават до МВР, без разлика дали се снимки, фотографии, изјави…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството преземало мерки за пукањето и сквернавењето на македонското знаме во Скопје