Општина Сарај не доби финансиска подршка од повикот на Владата, иако аплицираше регуларно и навремено во надлежните институции, инфомираа од општината.
„Главен одговорен за тоа е Министерството за екологија и животна средина предводена од Изет Меџити, која и после 4 месеци и пуштени две ургенции од страна на општината, го блокираше и не даде согласност на проектот за патот во село Ласкарци.
Поточно, ресорното министерството според предвидените рокови со закон, требаше да даде согласност најкасно до 19. јули 2024 година, кое се уште не го сторилa. Исто така, општината за овие опструкции го извести писмено и Министерството за локална самоуправа.
Исто така, владата не го подржи и вториот проект, односно, проектот за патот Долно Свиларе – Горно Свиларе, кое ги има сите потребни технички документи.
Затоа, не можете да ги измамите жителите на Сарај дека се грижите и сте подготвени како централна власт да помогнете и да издвоите средства за проекти кои доаѓаат од оваа општина. Немојте повеќе со измислици и празни изјави, само дајте согласност за предметниот проект и не го чувајте во „фиока” како што тоа го правите од јули оваа година,“ информираа од Општина Сарај.
Премиерот Христијан Мицкоски пред неколку дена изјави дека Општина Сарај поднела некомплетна документација и очекува до 15. ноември ова да биде отстрането
„Станува збор за патна инфраструктура во едно населено место, мислам дека е Ласкарци и плус водовод еден, но очекувам дека до 10.,15. ноември и тоа ќе биде надминато,“ додаде Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Општина Сарај