еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерката Сања Божиновска изјавила дека е Бугарка во 2004 година, кога Бугарија не беше во ЕУ, тврди БГНЕС

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска добила бугарско државјанство во 2004 година, кога Бугарија не беше членка на Европската унија (ЕУ), објави бугарската агенција БГНЕС.

Таа претходно кога стана топ тема во јавноста поради бугарското државјанство, кое го немаше пријавено во нејзината биографија, велеше дека бугарски пасош зела од економски причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерката Божиновска тврди дека немала повеќе бугарско државјанство, го имала поради деловни активности во ЕУ

Во изјавата која ја објави БГНЕС, од 21.10.2004 година, потпишана од нејзе, стои дека таа изјавува дека има бугарска национална свест и е со бугарско потекло, исто како и татко и Перо Божиновски, родум од Куманово и мајка и Виолета Божиновска, родум од Скопје.

Таа пред извесно време изјави дека никогаш не потпишала таква изјава, туку тоа го правеле бугарски адвокати.

Божиновска има и чешко државјанство, а во 2023 година побарала од бугарските институции да биде испишана од тамошното државјанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерката Божиновска се уште има бугарско државјанство, тврдат бугарските медиуми

Процедурата според бугарските медиуми се уште не е завршена и таа се води како бугарски државјанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Сања Божиновска, кандидат за министер за енергетика

Два стана во Шпанија, по еден во Португалија и Србија: Министерката Божиновска меѓу најбогатите во Владата

Фото: Влада/БГНЕС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Личност на годината на еМагазин: Марко Пејчиновски

Редакција

Најстудено со најмногу снег во Маврово

Редакција

Никола Димитров: Во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни

Редакција