Од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска информираа дека министерот за здравство Илир Демири во заминување, незаконски ги разрешил медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски и директорот на државната Кардиохирургија, Марјан Шокаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради зголемена смртност на Кардиохирургија разрешен директорот Шокаровски
Од таму најавија дека до надлежните органи ќе покренат иницијатива за одговорност на Демири.
ДКСК констатирала дека со двете одлуки на Демири се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита, како и дека е повреден Изборниот законик, со оглед дека директорите биле разрешени со решенија донесени на 14. мај и 27. мај, пред усвојување на заклучокот за завршување на парламентарните избори од 30. мај 2024 година.
Според ДКСК, за двете разрешувања не биле почитувани и процедурите за разрешување од функцијата, односно, како што велат од таму, требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на двете клиники.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил директорот на Токсикологија, Петровски, кој е разрешен
Каков имот пријавил Марјан Шокаровски, директорот на Кадриохирургија, кој е разрешен